Ферстапен и Норис бараат Белгиското ГП да остане на календарот

Од:

Макс Ферстапен и Лендо Норис се приклучија на Ф1 фановите со барање Белгиското ГП на класичната патека Спа-Франкоршамп да остане на Формула 1 календарот по ваквите најави од шефовите на Формула 1.

Ф1 се враќа на Спа овој викенд, и тоа останува популарна патека кај возачите и кај фановите, посебно бидејќи е една од ретките патеки на кои се вози од првата Ф1 сезона во 1950 година. Меѓутоа, договорот на Спа завршува оваа година и нејасно е дали ќе добијат нов договор, посебно бидејќи на Ф1 календарот има нови трки во Лас Вегас и Катар, како и враќањето на Јужна Африка.

Светскиот шампион Ферстапен, кој вози под холандско знаме, но е роден во Белгија и има белгиско државјанство вели дека тоа ќе биде штета за сите во Ф1.

„Ќе биде навистина срамота да ја загубиме Спа. Ова е мојата најомилена патека на светот, навистина фантастична за Формула 1 трка. Нема подобро чувство“, вели возачот на Ред бул.

Возачот на Мекларен, Британецот Лендо Норис, чија мајка е Белгијк, исто така беше разочаран.

„Ова е историска трка за Ф1. Исто така и Монца и Монако и мислам дека додека постои Формула 1 треба да се вози таму. Знаеме дека се работи за парите, бидејќи ова е бизнис“, изјави Норис.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона

Ферстапен: Лудило, ова е неверојатна година за сите нас!

Дождот на Сузука го спречи Ферстапен да стане шампион

Волф: Ред бул веќе неколку месеци е под истрага за пречекорување на буџетот

Шарл Леклер до пол – позиција на Монца

Албон итно опериран, Ник де Врис ќе дебитира за Вилијамс