Верстапен е победник на Големата награда на Холандија

Од:

Холандскиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на Големата награда на Холандија, 12-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Верстапен ја постигна деветтата последователна победа на домашен терен, на патеката „Зандворт“, израмнувајќи го рекордот поставен од Себастијан Фетел во 2013 година, исто така во Ред Бул.

Холанѓанецот го постигна 11-от триумф сезонава и со тоа направи уште еден голем чекор кон одбрана на титулата.

Вицешампион на патеката „Зандворт“ беше Фернандо Алонсо во Астон Мартин, додека на нив двајца на подиумот им се придружи и возачот на Алпина, Пјер Гасли.

Трката ја одбележа и привремен прекин на осум круга пред крајот поради обилните врнежи од дожд. Црвените знамиња беа подигнати откако кинескиот возач на Алфа Ромео Гуангју Џоу излета од патеката.

Би можело да ве интересира

Ферстапен: Лудило, ова е неверојатна година за сите нас!

Дождот на Сузука го спречи Ферстапен да стане шампион

Ферстапен ја освои пол-позицијата, а ќе стартува од 15 место

Ферстапен и Норис бараат Белгиското ГП да остане на календарот