Довициозо и Роси го поставија темпото во првиот тренинг во МотоГП за 2018 година

Од:

Пилотот на Дукати, Андреа Довициозо го забележа најбрзиот круг на на првиот тренинг од натпреварувачкиот викенд на МотоГП во Катар – 1:55.366 минути.

Италијанецот го постигна ова во последните 3 минути од утринската сесија на „Лосаил“ и го остави ветеранот Валентино Роси на втората позиција.

Во топ 3 заврши Марк Маркез, кој ја брани титулата во кралската класа.

Зад топ 3 место најде дуото на Сузуки – Андреа Јаноне и Алекс Ринс, чиј мотор демонстрира доста подобра форма од сезоната 2017.

Минатогодишниот победник во Катар Маверик Вињалес го заврши тренингот со 11-то време.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на „Каталуња“: Бањаја излета, друг мотоцикл му ја прегази ногата

Катерина Ѓуровски

Накагами ја освои својата прва пол-позиција во МотоГП

А1он

Промената во правецот на ветрот предизвика сериозен пад во МотоГП

МотоГП: Маркез победи на „Мизано“

Ана Ололовска

МотоГП: Маркез со пол-позиција во Чешка

Вињалес стартува прв во првата трка од новата сезона во МотоГП