Дончиќ руши рекорди во НБА

Од:

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постави два рекорда во НБА лигата. Тој на два последователни натпревари во НБА лигата постигна најмалку 29 поени, 15 асистенции и 13 скокови. Ова е нов рекорд во лигата. Дончиќ, исто така, стана најмладиот играч што направил трипл-дабл во два натпревари по ред, со најмалку 25 поени.

Словенецот ноќеска на средбата со Кливленд оствари трипл-дабл, постигнувајќи 29 поени, 15 асистенции и 14 скокови. На претходниот натпревар (против Лејкерс) имаше троен ефект: 31 поен, 15 асистенции и 13 скока.

Дваесетгодишниот Словенец со српско потекло, во Далас е од 2018 година. Пред тоа, играше за Реал Мадрид со кого стана трикратен шампион на Шпанија, двократен освојувач на Купот на Шпанија и победник во Евролигата. Со словенечката репрезентација стана шампион на Европа во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он