Кошаркарот на Реал Мадрид, Лука Дончич е најкорисниот играч во третото коло од Евролигата.
18-годишниот Словенец беше брилијантен во победата на Реалво Мадрид во вторникот (100: 90) над Армани Милано. Тој мечот го заврши со индекс на корисност 41.
Дончич постигна 27 поени, осум скока, пет асистенции и три освоени топки. Имаше 10 прекршоци над него.
Младиот Словенец е најдобар во колото во категоријата стрелци, додека најдобрите скокачи со по 11 скокови се Шенгелија од Баскија и Рубит од Бросе Бамберга. Во категоријата асистенции во третата евролигашка рунда се истакнаа Серхио Родригез (ЦСКА), Џејсон Грејнџер (Басконија) и Алексеј Швед (Химки) со по девет додавања.