Сите пет одиграни натпревари синоќа во рамките од 5.коло на „Топ 16’’ фазата во кошаркарската Евролига, завршија со победи на домашните екипи.
Во групата Е, европскиот шампион Макаби го победи Реал Мадрид со 90:86, додека белградска Црвена Звезда беше убедлива против Алба Берлин и славеше триумф со 86:69.
Во групата Ф, во Москва ЦСКА го совлада Нижни Новгород со 103:95. Шпанската екипа Лаборал славеше против Армани Милано со 102:83, а во Истанбул, Анадолу Ефес го надигра Олимпијакос со 84:70.
Преостанатите три натпревари од ова коло се играат вечерва во терминот од 20 часот и 45 минути, а двојките се: Барселона – Жалгирис, Панатинаикос – Галатасарај (група Е) и Уникаха – Фенербахче (група Ф).
Табела група Е: Реал Мадрид со 4-1 (победи-порази), Макаби Тел Авив 4-1, Барселона 2-2 Панатинаикос 2-2, Галатасарај 2-2, АЛБА Берлин 2-3, Жалгирис 1-3 и Црвена Звезда 1-4.
Табела група Ф : ЦСКА Москва 5-0 (победи-порази), Олимпијакос 4-1, Анадолу Ефес 3-2, Фенербахче 2-2, Нижни Новгород 2-3, Лаборал 2-3, Армани Милано 1-4 и Уникаха 0-4.