Доменикали: Следната сезона сакаме една третина од Гран при со спринт

Од:

Првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали зборуваше за тркачкиот календар за сезоната 2022 година.

– Очекуваме да бидат извозени 23 рунди. Главната раб ота е да го пронајдете вистинскиот ритам. Нема да откријам детали, но можам да ве известам дека следното првенство ќе започне кон средината на март и ќе заврши кон средината на ноември. Оваа година спроведуваме три тест фази со спринт за да дојдеме до вистинските решенија за во иднина. Огромното мнозинство реакции се супер позитивни. Промоторите се многу среќни, добиваме позитивни повратни информации. Можам да ви кажам дека нема да спроведуваме спринт квалификации насекаде. Сакаме да поминеме околу една третина од етапите на овој начин, изјави Доменикали.

До крајот на Светскиот шампионат во Формула 1 за сезоната 2021 остануваат уште седум трки.

Би можело да ве интересира

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

А1он