Докузовски суспендиран шест, Србиновски три месеци

Од:

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички повеќе месеци на официјалните натпревари ќе биде без помошта на тренерскиот тандем Марин Докузовски и Марјан Србиноски.

Првиот тренер на клубот од „Градски парк“ Докузовски, поради одбивањето неговиот тим да го продолжи прекинатиот натпревар против МЗТ Скопје доби шестмесечна суспензија од Дисциплинската комисија на Македонската кошаркарска федерација. За истиот прекршок тримесечна суспензија доби помошник-тренерот на Работнички, Марјан Србиноски.

Најголема казна доби претседателот на клубот Горан Геровски, кому му е забрането да извршува функции во кошарката цела година.
Тројцата казнети имаат право на жалба.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос