Докузовски: Навистина не ми е јасно зошто сум казнет

Од:

Трнерот на КК Работнички кој е казнет на 6 месеци суспензија од Дисциплинската комисија на МКФ денеска се огласи:

Јас сум професионалец, чии ингеренции почнуваат и завршуваат на теренот, во работата со играчите. Навистина не ми е јасно зошто сум казнет, па уште и со шест месеци. Па, зарем верувате дека има барем еден тренер во светот кој не би дозволил продолжување на натпреварот во кој неговата екипа води со 16 поени разлика и тоа на 13 минути до крајот. Што сум јас, будала за да се предадам во една таква ситуација? Но, ако некој смета дека работите ќе тргнат на подобро во македонската кошарка ако шест месеци бидам надвор од неа, тогаш нека. Јас не се чувствувам виновен и поради тоа немам намера да се жалам до Арбитражата.

И, ете, ме казнивте, и сега што? Излегува дека сите се добрите, а само јас лошиот. А, зашто во записникот никаде не стои дека заедно со капитенот Петровски и со најискусниот Гечевски буквално го молевме првиот судија да го продолжи натпреварот. Дека од него баравме да се врати на паркетот. Зошто никаде не е наведено неговото арогантно однесување и не сакање воопшто да разговара со нас?

Зошто не е казнет комесарот за натпреварување, кој наместо да се крие по паркинзи мораше да биде на местото на настанот и да помага за спортско решавање на проблемот? Сето ова се легитимни прашања на кои никој не се обиде да одговори. Но, важно јас сум обележан како виновник и казнет со шестмесечна суспензија. Па уште таа да ти била демек ублажена поради фактот што сум бил четврти во Европа. Воопшто не морале да го направат тоа, кога веќе сметале дека сум виновен за нешто што ниту еден тренер во светот не би се решил да го направи – да им забрани на играчите на излезат на паркетот во една речиси добиена ситуација против исклучително силен противник.

Знам само дека до 2011 година, кога го направивме историскиот успех во Литванија, немаше политичари во македонската кошарка. Можеби и затоа направивме таков неверојатен резултат. Сега, пак, ситуацијата во клубовите е поинаква, а резултатите на репрезентацијата полоши. Можеби има некаква поврзаност, кој знае.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос