Двојката Иван Додиг – Марсело Мело се новите шампиони на Ролан Гарос во игра на двојки, откако вчеравечер во финалето ги победија браќата Боб и Мајкл Брајант од САД со 2:1 во сетови.
Во драматичен меч нијанси решаваа за победникот, а хрватско-бразилската комбинација ја освои својата прва Грен Слем титула по два часа и 15 минути игра.
По сетови резултатот беше: 6:7 (5:7); 7:6 (7:5) и 7:5.
За Мело и Додиг ова беше трет трофеј во деветтото заедничко финале, додека Мајк и Боб Брајант останаа со две титули од Ролан Гарос и 16 од Грен слем турнирите.
На женскиот дел од турнирот победничкае Серена Вилијамс, а машкото финале се игра денеска од 15 часот меѓу Новак Ѓоковиќ и Станислас Вавринка.