Пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон што ќе се одржи на 9 Мај – Денот на Европа трае до крајот на месецот.
Организаторите денеска соопштија дека сите оние што сакаат да учествуваат да не чекаат до последен момент затоа што предвидениот капацитет се пополнува.
Пријавувањето се врши преку веб страницата на маратонот www. skopskimaraton.com.mk.
Годинава, се очекува Виз Ер Скопскиот маратон да биде најмасовен досега. Во рамки на маратонот ќе се одржи и државното првенство на Македонија во маратон, а новина е штафетниот маратон. По пат на лотарија, двајца македонски натпреварувачи/ки ќе имаат можност да трчаат на Њујорк Маратонот, што ќе се одржи на 11 ноември.