Џордан избркан од кантри клуб поради несоодветна облека

Од:

Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан беше избркан од кантри клуб во Мајами, бидејќи го прекршил кодексот на облекување.

Џордан, наводно, бил избркан додека играл голф, а обезбедувањето му забранило да се врати.

„Сум бил овде многупати и никој ништо не ми рекол”, изјави Мајкл.

„Луѓето од обезбедување ми пријдоа додека бев на 11. дупка и ми рекоа дека не смеам да ги носам овие бермуди”.

Откако освојувачот на шест НБА титули одбил да ги смени бермудите, обезбедувањето му наложило да го напушти клубот и повеќе да не се враќа.

„Не знаевме дека не смее да се врати. Мислам дека тие загубија, бидејќи Мајкл е одличен голфер и добар гостин”, изјави портпаролот на Џордан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ