„Џенерал Моторс“ до 2016 година во „Опел“ ќе инвестира четири милијарди евра

Од:

Бордот на директори на „Џенерал Моторс“ (ГМ) го искористи состанокот што се оддржа во седиштето на компанијата „Опел“, во Риселсхајм, да ја нагласи посветеноста на американската компанија кон овој германски автомобилски бренд.

Директорите притоа ја одобрија програмата што подразбира инвестиции во висина од четири милијарди евра во Германија и во Европа во периодот до 2016 годинеа

-Како глобална автомобилска компанија, на ГМ му е потребно силно присуство во Европа во поглед на дизајнот и развојот, како и во поглед на производството и продажбата, рече Ден Ејкерсон, претседател и извршен директор на компанијата ГМ, на прес конференцијата во АДАМ Опел Хаус.

Тој додаде дека „Опел“ е клучен за успехот на матичната компанија и дека ја ужива целосната поддршка на ГМ.

Бордот директори ја избра Германија за својот редовен состанок за од прва рака да добие информации за напредокот на 10-годишната стратегија на ГМ – „DRIVE!2022“, како и за предизвикувачкото опкружување во европскиот сектор на автомобилската индустрија во 2013 година.

Голем дел од инвестициите на „Џенерал Моторс“ ќе бидат вложени во реализација на идните модели на „Опел“.

„Опел“ до 2016 година планира да претстави 23 нови модели и 13 нови погонски системи.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска