Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 18 години Саша Димитријевиќ повика 16 играчи за подготовките за настап на Европското првенство што во периодот од 23 јули до 2 август ќе се одри во Австрија.
Список на повикани кошаркари за почеток на подготовките на репрезентација У18:
Виктор Ефремовски (Вардар),
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд, Шпанија),
Дејан Србиновски (Вардар),
Михајло Митев (Јуниор),
Давид Георгиев (Стеауа, Романија),
Миодраг Тодоровиќ (Јуниор),
Оливер Двојаковски (Тералфас, Шпанија),
Димитар Пандев (Луксембург Академија, Луксембург),
Блажо Митков (Јуниор),
Бесарт Мемети (Германија),
Дамјан Робев (Вардар),
Лео Тодоровски (МЗТ Скопје),
Стефан Донаковски (МЗТ Скопје),
Ранко Мамузиќ (Тералфас, Шпанија),
Андреј Маслинко (Стела Азура, Италија),
Бојан Серафимов (Јуниор).
Според планот на подготовки, во 40-дневните подготовки ќе се тренира во Скопје и во Маврово, а до 22 јули за кога е предвидено заминување за Австрија, нашите јуниори ќе одиграат и неколку пријателски натпревари за проверка на сработеното.
На Европското Првенство (Б Дивизија) во Австрија, македонската репрезентација се наоѓа во група со домаќинот Австрија, Израел, Данска, Ирска и Исланд, а првиот меч ќе го одигра со Данска на 23 јули.