Димевски ја загуби битката за претседател на ФИБА Европа

Од:

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Даниле Димевски не успеа да застане на чело на ФИБА Европа откако на денешеното гласање неговиот ривал Турчинот Тургај Демирел доби повеќе гласови.

Како што пренесуваат турските медиуми Демирел добил гласови од 40 национални федереации, а Димевски од 8. Две ливчиња биле неважечки.

Тоа значи дека во следните четири години Демирел ќе биде предводник на Европската кошаркарска федерација (ФИБА Европа).

Пред Демирел на чело на ФИБА Европа беше Исланѓанецот Олаф Рафнсон, кој ненадејно почина.
Голема е чест да се биде претседател на ФИБА Европа. Моја основна задача е подигнување на нивото на европската кошарка, изјави Демирел по изборот пренесуваат турските медиуми.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос