Кошаркарот на Локомотив Кубан Малком Дилејни е најкорисниот играч во првото коло од ТОП 16 фазата во Евролигата.
Бекот на тимот од Казањ во победата против Цедевита собра 41 индексен поен, осум повеќе од Алексеј Швед од Химки.
Во идеалната петорка уште се и: Серхио Родригез (Реал Мадрид) 28 инд.поени, Мајк Цирбес (Црвена звезда) 25 инд.поени и Адам Ханг (Лаборал) 25 инд.поени).
На листата најкорисни играчи во досегашниот тек на сезоната води Јанис Бурусис (Лаборал) со 22,2 инд.поени во просек по натпревар.