Диксон го реши европскиот првак

Од:

Фенербахче против европскиот првак ЦСКА во Москва ја прекина серијата од два порази во кошаркарската Евролига. Фенер славеше по дополнителните пет минути 95:79, откако во регуларниот дел беше 75:75.

Првиот дуел на ЦСКА и Фенербахче по минатосезонскоот финале во Евролигата им припадна на кошаркарите на турскиот тим. Исто како и во финалето мечот беше решен во продолжението, но вечерва победи Фенербахче, предводен од Боби Диксон.

ЦСКА во 14. коло го заблежа вториот пораз, додека Фенербахче има девет победи и пет порази.

ЦСКА подобро играше во првото полувреме, во еден период имаше 13 поени предност, но до полувремето Фенер ја намали разликата на пет кошеви.

Рускиот тим добро отвори и во третата четвртина, кога Воронцевич погоди три тројки, два пари имаше предност од 12 поени, но не успеа да го скрши противникот.

Фенер направи серија 4:20 од финишот на третата четвртина до четвртата минута од последниот период.

Регуларниот дел се решаваше во последните 30 секунди, најпрвин при резултат 72:72 Курбанов погоди тројка, а на седум секунди до крајот Диксон постигна кош и реализира дополнително слободно фрлање.

Теодосиќ го промаши последниот шут во регуларниот дел. Во продолжението играта на ЦСКА целосно се распадна, Фенер направи серија 0:11, Русите првите поени ги постигнаа дури по три минути игра. Диксон во продолжението постигна 12 поени.

Американецот со турски пасош го предводеше Фенер со 25 поени, 3 скока, 6 асистенции и 4 украдени топки. Брилијантен меч одигра и Екпе Јудо со 17 поени и 11 скокови. Перо Антиќ во победата на својот тим учествуваше со 4 поени, 2 скока, 3 асиетнции и една украдена топка.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска