Дибала: Сезоната не започна добро за мене

Од:

Напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала призна дека сезоната не започнала добро за него.

Аргентинецот играше само во првиот натпревар во Серија „А“ против Киево (3:2), но потоа остана на клупата во следните две средби со Лацио и Парма, откако влезе само во последните 10 минути против повратниците во Серија „А“.

– Признавам дека сезоната не започна добро како минатата, ниту дури како онаа во 2016 година. Едно е сигурно – со нетрпение чекам да се вратам во Торино и да работам напорно за да си го вратам првотимскиот статус. Мојата желба е да играм. Пристигнав денес и се надевам дека бидам подготвен за натпреварот во неделата. Потоа доаѓа и дуелот со Валенсија во Лигата на Шампионите, а овој турнир многу ме мотивира, изјави Дибала.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ