Деветти Меѓународен џудо турнир „Прилеп град херој – 2017“

Од:

Денеска во Прилеп во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски”, со почеток од 10 часот, започна 9-тиот по ред Меѓународен турнир во џудо „Прилеп град херој – 2017”. На турнирот учество земаа околу 250 џудисти од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

„Џудото потекнува од Јапонија стотици години наназад, а јас денеска сум многу среќна што сум тука и што гледам толку многу среќни лица“, посочи Кеико Ханеда амбасадорката на Јапонија во РМ.

„Многу голема чест и задоволство ми е што турнирот ќе го отвори амбасадорката на Јапонија кој воедно и главниот организатор на настанот, задоволен сум од посетеноста на гостите кои ни доаѓаат надвор од Македонија и благодарност до Македонската Џудо Федерација која ни овозможи да се одржи овој турнир, до општина Прилеп и се надевам на фер борби“ посочи Дејан Ширкоски, претседател на џудо клуб „Сеишин“ и генерален сектератр на Џудо Федерација на Македонија.

Турнирот беше во организација на Џудо Клубот „Сеишин” од Прилеп, наменет е за пионери/ки и кадети/ки, а се одржа по повод државниот празник 11-ти Октомври.

Би можело да ве интересира

Инклузивен прирачник за џудо со адаптирани техники за лица со интелектуална попреченост

A1on

ВИДЕО: Српска џудистка едвај стои на нозе по десетминутна борба, навивачите се загрижија

Жарко Настоски

Уште еден џудист не сака да се бори против Израелецот Бутбул

Жарко Настоски

Џудист од Алжир се повлече од Олимпијадата, можело да се сретне со израелски противник

Жарко Настоски

Награда почесен црн појас 1 дан од Џудо федерацијата на Македонија за јапонската амбасадорка Кеико Ханеда

Ана Ололовска

Џудо федерацијата на С. Македонија и Факултетот за физичко образование потпишаа меморандум за соработка

Ана Ололовска