Деветта победа за Марк Маркез

Од:

Мотоциклистот на Хонда Марк Маркез (Шпанија) ја оствари и деветта победа во истотолку трки сезонава во шампионатот на Мото ГП.

Шпанецот триумфираше на денешната трка за Големата награда на Германија на патеката „Заксеринг“.

Самата трка беше интересна бидејќи пред стартот заврна дожд, па поголем дел од возачите се решија за гуми за влажна подлога. Но, дождот престана за време на загревачкиот круг, па мотоциклистите мораа да менуваат гуми. Во такви услови водеше Штефан Брадл, а далеку на „опашката“ беа фаворитите за победа Маркез, Дани Педроса, Хорхе Лоренцо, Валентино Роси.

Маркез без поголеми проблеми успеа да се пробие до првата позиција, а место на подиумот изборија уште неговите сонародници Педроса (втор) и Лоренцо (трет).

Во генералниот пласман води Маркез со максимални 225 бодови, пред Педроса со 148 и Роси со 141.

Следната трка се вози на 10. август во Индијанаполис.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на „Каталуња“: Бањаја излета, друг мотоцикл му ја прегази ногата

Катерина Ѓуровски

Накагами ја освои својата прва пол-позиција во МотоГП

А1он

Промената во правецот на ветрот предизвика сериозен пад во МотоГП

МотоГП: Маркез победи на „Мизано“

Ана Ололовска

МотоГП: Маркез со пол-позиција во Чешка

Вињалес стартува прв во првата трка од новата сезона во МотоГП