Десет лица во Фиорентина имаат коронавирус

Од:

Сопственикот на Фиорентина, Роко Комисо, призна за вкупно десет случаи на заболени од коронавирус во италијанскиот клуб.

– Ситуацијата се влошува. Клубот има десет болни лица. Тројца од штабот се примени во болница, рече Комисо за „Скај Италија“.

Патрик Кутроне, Аргентинецот Херман Пакела и Србинот Душан Влаховиќ се играчите кои се болни со КОВИД-19.

Нивната состојба е позната уште од минатата недела.

Тогаш за нив беше кажано дека се лекуваат дома.

Клубот од Тоскана е еден од најтешко погодените од пандемијата во Италија досега.

Бреша, исто така, во четвртокот потврди дека двајца членови на италијанскиот клуб страдаат од коронавирус.

Би можело да ве интересира

Бове веќе не може да игра во Серија А – му вградија дефибрилатор

А1он

Бове дише самостојно, се разбудил, животот не му е во опасност

А1он

(ВИДЕО) Морничави сцени во Фиренца – фудбалер на „виолетовите“ колабираше

А1он

Фудбалерите на Фиорентина се првите финалисти на Лигата на конференцијата

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска