Дербито помеѓу Алкалоид и Вардар заврши без победник

Од:

Големото дерби во македонската суперлига меѓу екипите на Алкалоид и Вардар заврши со поделба на бодовите, откако по голема 60 минутна битка средбата заврши со резултат 26-26.

Алкалоид имаше подобро отворање, поведе 5-2 понесен од добрата игра во одбрана и голманот Кизиќ, но откако пропушти шанса за плус четири, екипата на Вардар врати со серија од 3-0 и израмни на 5-5.

Алкалоид го диктираше резултатот во првиот дел, а Вардар само во еден момент успеа да премине во водство (8-7). Но веднаш се врати домашниот состав во игра, успеа да поведе и со 10-8, но одново грешките во нападот беа казнети и Вардар изрмани нна 10-10. Потоа во игра гол за гол на полувреме беше 12-12.

Второто водство на Вардар беше по првиот напад во второто полувреме преку Борозан, кој ги одржуваше гостите во игра и во текот на целото прво полувреме со шутевите од дистанца.

Следеше промашен пенал на Алкалоид по што Вардар поведе со 14-12, пред Серафимов да ги врати сино-белите на минус еден. Но, отсуството на неколкуте повредени играчи стануваше поочигледно и Вардар ја преземаше контролата врз настаните.

Голманот Еспиња и пикерот Лазаревски имаа свои моменти во период во кој Вардар успеа да поведе со 17-14, највисокото водство до тој момент за еден од тимовите (39 минута).

Разликата од три гола се „одомаќини“ на семафорите во Автокоманда сѐ до 45 минута кога Серафимов намали на 19-20, а потоа украде топка истрча контра и израмни на 20-20.

Во последните 10 минути се влезе со егал (22-22), а по првата одбрана на Иван Галевски, Алкалоид доби шанса и се врати во водство. Стрелец беше Петковски за 23-22. Алаклоид во 54 минута пропушти напад за плус два, па мечот остана во егал гол за гол. Потоа Галевски му одбрани седмерец на Пинто и Алкалоид одново дојде во шанса да брка водство од два гола.

Два напада пропушти за плус два Алкалоид, но Галевски му симна зицер и на Хориха и во 58 минута одново напаѓаше за плус два. Но, Франциско шутираше покрај голот и Вардар одново беше во седло, а Милано побара тајм аут на минута и пол до крајот при резултат 25-24. Хориха израмни, потоа Никола Маркоски погоди за ново водство на Алкалоид, а Милан Лазаревски ги постави конечните 26-26.

Би можело да ве интересира

Алкалоид со раст на консолидираните продажби од 10 %, извоз од 221,6 милиони евра и инвестиции од 18 милиони евра во периодот јануари – декември 2025 г.

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Алкалоид на форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“: Патот кон европските пазари го изградивме сами, чекор по чекор, со квалитет, стандарди и визија насочена надвор од границите

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Критично ниво на реките: Треска четири, а Вардар два и пол пати над просекот

Катерина Ѓуровски

Хрватска ја победи Словенија и се приближи до полуфиналето на Европското првенство