Дербито на АБА лигата за Цедевита

Од:

Екипата на Цедевита успеа да триумфира во дербито на АБА лигата што се одигра вечерва во рамките на 18.коло.

Во дуелот на евролигашите во Белград, Цедевита славеше минимална победа над Црвена Звезда со 80:79 (22:16; 12:21; 18:26 и 28:16). Со победата Цедевита се зацврсти на втората позиција на табелата.
Триумфот беше остварен благодарение на одличната игра во нападот на Цедевита во последниот период кога гостите од Загреб постигнаа 28 поени и притоа ја анулираа предноста на Црвена Звезда од крајот на третиот период – 63:52. Најефикасен на дуелот беше Џејкоб Пулен со 24 поени.

Вечерва од 21 часот се игра последниот дуел од 18.коло: Сутјеска – Партизан.

Резултати на другите натпревари од оваа рунда: Игокеа – МЗТ Скопје 70:86, Цибона – Металац 77:73, Мега Лекс – Задар 87:61, Крка – Олимпија 55:59 и Будуќност – Тајфун 81:61.

Табела: Будуќност 16-2 (победи-порази), Цедевита 15-3, Црвена Звезда 13-5, Мега Лекс 12-6, МЗТ Скопје 8-10, Цибона 8-10, Крка 8-10, Тајфун 7-11, Металац 7-11, Задар 7-11, Игокеа 6-12, Партизан 6-11, Сутјеска 5-12.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос