Дербито МЗТ- Работнички ќе има хуманитарен карактер – за помош на нашиот Гешо!

Од:

Управата на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром информира дека претстојното вечно дерби против Работнички, кое ќе се одигра в среда (6 декември) во салата „Јане Сандански“ со почеток во 17.45 часот, покрај првенствен ќе има и – хуманитарен карактер.

Сите средства собрани од продажбата на билети за македонското кошаркарско „Ел Класико“ ќе бидат наменети за помош на некогашната легенда на нашиот клуб, Стеван Гешовски. За време на натпреварот, на повеќе места во салата, ќе бидат поставени и пунктови за дополнителна донација со што вкупниот износ за помош на некогашниот прославен кошаркар би бил уште поголем. Хуманитарниот карактер на мечот е во соработка со противничката екипа и со Меѓународниот сојуз – Скопје, се вели во соопштението на МЗТ.

Станува збор за поранешен капитен на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички и некогашен технички директор на репрезентацијата на Македонија, кој пред две години доживеа исхемичен мозочен удар. Како последица на тоа, Гешовски има отежнат говор, парализирана десна страна и болки во екстремитетите, за што како најадекватна метода за лекување е терапијата со матични клетки во Москва. Лекарите веруваат дека со помош на оваа терапија би ги вратиле моторните функции на екстремитетите и на неговиот говор и дека би бил ослободен од константните болки.

Терапијата со матични клетки во Москва чини 17.000 евра, средства кои тој сам не може да ги обезбеди. За таа цел, апелираме до нашите навивачи и следбеници, но и до приврзаниците на противникот и сите спортски вљубеници кај нас, в среда да дојдат во што е можно поголем број во салата „Јане Сандански“ со што истовремено би биле хумани, но и би уживале во мајсториите на најголемите кошаркарски ривали кај нас.

Билетите се веќе во продажба по цена од 100 денари, а истите може да се купат на билетарата пред спортскиот комплекс во населбата Аеродром и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

Гратиси ќе нема!

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос