Денвер со можна забрана за настап на Јокиќ на Евробаскетот

Од:

Репрезентативецот на Србија и играч на НБА екипата Денвер, Никола Јокиќ е можно да не настапи на претстојното Европско првенство во кошарка. Ова го изјави неговиот менаџер Миодраг Ражњатовиќ и напомена дека тој во текот на летниот период ќе треба да работи индивидуално на својот напредок за следната сезона.

– Во Денвер сметаат дека Јокиќ мора да подобри некои работи во својата игра како би придонел екипата да се пласира во плеј офот во следната сезона, од причина што стана важен играч за тимот. Тука пред се се мисли на физичката подготовка, која му недостасува. Но, тој сака да игра за репрезентацијата и ќе видиме што ќе се случи откако ќе мора да разговара најпрвин и со клубот, како би добил „зелено светло“ за настап во репрезентацијата, изјави Ражњатовиќ.

Јокиќ претходното лето настапи во квалификациите за Олимписките игри во Рио за селекцијата на Србија и на Игрите во Рио, каде неговата репрезентација го освои сребрениот медал.

Оваа сезона во дресот на Денвер имаше просек од 16,7 поени, 9,т скокови и 4,9 асистенции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ