Демирел испрати писмо со поддршка до Наумоски и признание за Илиевски

Од:

Претседателот на ФИБА Европа, Тургај Демирел испрати писмо до првиот човек на Македонската кошаркарска репрезентација Петар Наумоски во кое му дава поддршка за неговата работа и упатува честитки за настапот на македонските кошаркари на Евробаскет 2015, а се изразува и благодарност до капитенот Владо Илиевски за придонесот во националниот тим и на евросцената.

Во писмото на Демирел до Наумоски стои:

Драг Петар, Се надевам уживаше во твојот прв Евробаскет како претседател на федерација. Сакам да честитам на вашиот национален тим за трудот што го вложија во Загреб.

Вашата група беше една од најтешките, но репрезентацијата на Македонија се бореше храбро против многу силни селекции. Под твое раководство сигурен сум дека Македонската кошарка ќе постигне големи успеси во иднината.

Евробаскет му изразува голема благодарност на Владо Илиевски, кој има посебно место во Македонската и Европската кошаркарска историја. Се надевам дека неговата кариера ќе продолжи да биде инспирација за млади кошаркари и кошаркарки низ цела Македонија.
Овој Евробаскет постави рекорд за број на продадени карти. Беше еден од најкоментираните настани на социјалните мрежи.
Одржувањето на континенталното натпреварување во четири држави беше голем успех, и сум среќен дека и Македонија беше дел од овој елитен настан. Овој Евробаскет го означува почетокот на една нова ера во европската кошарка и сум возбуден за постигнување многу работејќи заедно.
Се надевам дека ќе се видиме во некоја друга прилика, завршува Демирел во писмото до предводникот на МКФ.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос