Делегација на КФМ се врати од Европското првенство во Финска

Од:

Делегацијата на Карате федерацијата на Македонија, се врати во земјава, по извонредните резултати постигнати на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21).

Каратистите беа пречекана од претставници на ИО на КФМ, тренери и спортисти од повеќе наши клубови, како и членови на нивните семејства.

– Големите успеси на 48 европско првенство во Тампере е уште една потврда дека КФМ не случајно со години е пример за успех и организација која во континуитет постигнува врвни резултати во сите возрасни категории и дека имаме иднина и вистински наследници на поранешните и актуелните шампиони, кои го прославија каратето и македонскиот спорт воопшто, стои во соопштението од КФМ.

На ова првенство македонските каратисти постигнаа резултати кои се меѓу најдобрите во историјата на младинските првенства, со четири медали во конкуренција на 45 земји со 1000 млади каратисти.

Стефан Стојановиќ освои јуниорско злато, Столе Смилковски сребро во У21, Андреј Басаров сребро за кадети а Матеј Белистојаноски бронза за јуниори.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“