Дел Потро наскоро се враќа на тениските терени

Од:

Поранешниот освојувач на УС Опен Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро можно е наскоро да се врати на тениските терени. Дел Потро вчера го прослави 27.от роденден и за очекување е да направи обид да се врати во тенискиот врв.

– Тој се врати на физичката активност и наскоро ќе почне да тренира и со рекет, а можно е тоа да се случи до крајот на овој месец, изјави претседателот на Тениската федерација на Аргентина Армандо Сервоне.

Во последните неколку сезони Дел Потро имаше проблеми со повредите и поради тоа долго отсуствува од тениските натпревари. Негов најголем резултат е Грен слем титулата во 2009 година на УС Опен кога во финалето го победи Рожер Федерер.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров