Дејвис куп: Македонија – Грција 2:0

Од:

Македонската тениска репрезентација ја победи Грција со 2-0 во дуел за пласман од петтото до осмото место во Третата европска зона од Дејвис купот.

Триумфот на Македонија го обезбедија Димитар Грабул кој беше поуспешен од Кристос Антонопулос 6:4 и 7:6, и Томислав Јотовски со победата над Елефтериос Теодору 6:2 и 6:3.

Поради недостижната предност мечот во двојки не се одигра.

Македонија утре за 5.место ќе игра против Црна Гора, која денеска славеше над Малта со 2-1.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров