Соопштението на претседателот на ФИФА Сеп Блатер дека се повлекува од функцијата, во лондонските медиуми одново ја покрена темата за „легалноста“ на изборот на Русија и на Катар за домаќини на идните две светски фудбалски првенства, во 2018 и во 2022 година.
Лондонски „Дејли Меил“ порача денеска дека Англија би требало сега да биде домаќин на следното првенство за три години.
Според овој весник, близок до владејачките британски конзервативци, во новонастанатите услови, европските држави во 2018 година, треба да организираат натпреварување на кое ќе треба да поканат некои од јужноамериканските земји.
За едно такво натпреварување, што би требало да биде еден вид „мини Мундијал“ , најдобро место за одржување е Англија, поради условите што таа веднаш може да го понуди, проценува „Дејли Меил“.
Ваквиот предлог на весникот, доаѓа по изјавата на претседателот на англиската Фудбалска асоцијација (ФА), Грег Дајк, дадена минатиот викенд, дека УЕФА и европските земји треба да го бојкотираат Светското првенство во Русија, доколку на чело на ФИФА остане и понатаму Сеп Блатер.
Барањето на Дајк беше веднаш отфрлено од ФИФА, а подоцна и од ЕУ, од каде е порачано дека не се размислува за бојкот на Мундијалот во Русија, па тој денеска зборува само за изборот на Катар.
„Не сум сигурен и убеден кога станува збор за катарската организацијата на Светското првенство во 2022 година„- рече Дајк во Лондон.
Блокот противници на изборот на ФИФА, првпат Русија да биде организатор на едно светско првенство, што го предводат Англичаните, проценува дека руската организација засега е „релативно сигурна“ најмногу поради временскииот фактор.
Остануваат помалку од два месеци до жрепката за квалификациите за „Русија-2018“ како и само три години до почетокот на првенството. Тоа е време кое е недоволно да му се даде кому било да се подготви за еден така голем спортски настан, а освен тоа, организацијата на еден Мундијал чини се поскапо..Последното првенство во Бразил, минатата година, чинеше четири милијарди долари.
Но сегашната ситуација во Европа, покажува дека во „вонредни услови“ само Англија и Германија би можеле да „ускокнат“ и да ја преземат организацијата од Русија, затоа што само овие две земји се комплетно подготвени, без никакви дополнителни подготовки да организираат еден Мундијал во фудбал.
Засега не се знае дали мотивите на „Дејли Меил“ за обнова на иницијативата за организација на СП во Англија, се принципиелни, затоа што и натаму има сомневање во „чесноста“ на изборт за Русија (и за Катар), или пак е политичка.
Овој весник, како и медиумите блиски до владејачките конзервативци, од порано „војуваат“ со Русија и посебно со претседателот Владимир Путин, околу неговата внатрешна политика, а сега и поради украинската криза, за која се обвинува Москва.
Но „Дејли Меил“ на од него замисленото, контра-првенството, не ги сака ниту африканските и азиските земји, чии фудбалски федерации застанаа зад Блатер, при неговата последна кандидатура за претседател на ФИФА и покрај барањато од УЕФА тој да се повлече.
Не се знае, дали во ваквото сценарио на весникот, ќе се вклучат Германија, Франција, Шпанија и Италија.На гласањето во Цирих, во декември 2010 година, за изборот на организатор на СП во 2018, ниту една од овие земји не гласаше за кандидатурата на Англија, па англиската понуда остана само со подршката од асоцијациите во Велика Британија и беше елиминирана уште во првиот круг.