Деца од 10 земји ќе учествуваат на годинешниот камп „Кирил Лазаров 7“

Од:

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров трета година во низа ќе работи со идни потенцијални македонски репрезентативци.

Имено од 20 јуни до 2 јули во Охрид ќе се одржи трет интернационален ракометен камп „Кирил Лазаров 7“.

Годинава на кампот ќе присуствуваат над 300 деца не само од Македонија туку и од целиот регион, но и европските земји, а за прв пат на кампот ќе има и деца од САД.

Упесниците ќе бидат поделени во две смени првата од 20-26 јуни и втората до 26 јуни до 2 јули, а ќе бидат поделени во групи по годишна возраст од 10 до 17 години.

Лазаров на средбата со новинарите не го криеше задоволството од досега сработеното и вети дека овој камп од година во година ќе биде уште повеќе посетен.

– Задоволство е да се гледаат толкав број на деца кои изразуваат огромна љубов кон ракометот. Ме радува што овој проект е препознатлив во целиот свет, за што најдобро говори и податокот дека на кампот ќе учествуваат деца од 10 земји. Тие ќе имаат можност да работат врвни тренер. Впрочем. На овиј камп децата доаѓаат да ги научат тајните на ракометот, а потоа да се дружат и забавуваат, изјави Лазаров на денешната средба со медиумите.

Годинашни гости на кампот ќе бидат и еминентни стручњаци кои работат во најголемите светски ракометни лиги. Меѓунив ќе бидат и напите тренери Данило Брестовац кој работи во Франција, Наташа Коцевска која е тренер во германскиот бундес-лигаш Борусија Дортмунд, како и двајца еминентри тренери во работата со младите категории од Данска.

Би можело да ве интересира

МВР потврди дека го чешла интервјуто на Латас – се е документирано

А1он

Лазаров со Нант против Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите

СП ракомет: Лазаров најкорисен играч по првата фаза

Наум Локоски

Лазаров: Доколку продолжиме да работиме на овој начин, Македонија има иднина

Наум Локоски

Лазаров: Недостатокот во квалитет можеме да го надоместиме со патриотизам

Наум Локоски

Лазаров во Нант до 2021 година

Наум Локоски