Кошаркарскиот клуб Карпош Соколи ќе биде вториот македонски тим што ќе се натпреварува во АБА лигата. Екипата од Скопје попладнево во рамките на 1.коло гостува во Ново Место кај словенечката екипа Крка. Во редовите на Карпош Соколи се надеваат дека и во дебитанската сезона ќе бидат конкурентни ривали на „староседелците“ во ова натпреваруавње. Почетокот на натпреварот е во 17 часот.
Синоќа во натпревар од 1.коло македонскиот првак МЗТ Скопје загуби од шампионот на лигата Црвена Звезда со 91:69. На другите дуели од 1.коло беа постигнати следниве резултати: Задар – ФМП 78:76, Цедевита – Будуќност 70:80 и Мега – Олимпија 86:85.
Вечерва се игра и натпреварот Морнар – Партизан, додека утре играат Игокеа – Цибона.