Деари поразен во првото коло на фјучрс во Бугарија

Од:

Шендрит Деари го загуби мечот од 1. коло на фјучрсот во Благоевград, Буграија откако денеска беше поразен од третиот носител Ромен Арнеодо од Монако.

Противникот на македонскиот тенисер двата сета ги доби со 6:4 во гемови.

На овој турнир од нашата земја настапуваат уште Стефан Мицов и Бесир Дургути, но тие своите мечеви во сингл конкуренција ќе ги играат утре.

Дургути откако ги мина квалификациите ќе игра против Грегори Барере (седми носител), а Мицов за противник го има квалификантот Горан Марковиќ од Србија.

Попладнево македонските тенисери ги очекуваат и мечеви во конкуренција на двојки.

Од нашите тенисери овој викенд активен ќе биде и Томислав Јотовски на фјучрсот во Белград.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров