Деари победи во првото коло на фјучрсот во Пловдив

Од:

Шендрит Деари со победа ги почна натпреварите на фјучрс турнирот во Пловдив, Бугарија. Македонскиот тенисер денеска со 2:1 (6-3; 3-6 и 6-3) во сетови го победи квалификантот од Бугарија Васил Младенов. Деари имаше еден брејк повеќе од противникот (3:2).

Во следното коло противник ќе му биде победникот од мечот Александар Лазов (Бугарија) и Матео Чивароло (Италија).

На фјучрсот во Пловдив во сингл ќе настапи и Стефан Мицов, кој откако ги мина квалификациите ќе игра против Тед Бачев (Бугарија). Мицов попладнево ќе настапи и во конкуренција на двојки со Пламен Милушев (Бугарија).

Меч во двојки попладнево на фјучрс во Белград ќе игра и Томислав Јотовски. Од нашите тенисери вчера првото коло на фјучрсот во Белгија успешно го мина Димитар Грабул откако го победи белгискиот тенисер Александер Фоле со 6:3 и 6:4 во сетови.

Во второто коло Грабул ќе игра против уште еден белгиски тенисер Ромен Божарс.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров