Де Роси се предомислил, може да заигра за Бока

Од:

Поранешниот играч од средниот ред на Рома, Даниеле де Роси (36), ја преиспитал својата иднина и е блиску до договор со аргентинскиот клуб Бока Јуниорс, вели италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.

Пред само една недела, медиумите на Апенините тврдеа дека долгогодишниот играч на „волците“ зел одлука да стави крај на својата фудбалска кариера и да се проба како тренер.

Де Роси го одигра својот последен натпревар за Рома на 26 мај против Парма. Оттогаш, голем број клубови, меѓу кои и Бока Јуниорс, се интересираат за него, каде спортски директор е поранешниот негов соиграч, Николас Бурдисо. Тие се блиски пријатели, и уште во средината на мај, Бурдисо самиот објави дека вратите на Бока се „широко отворени за играчи од калибарот на Де Роси“.

Очигледно во последните неколку дена имало развој на оваа тема. Според информациите на Ди Марцио, предлогот на Бока е за осуммесечен договор и 500.000 евра, а договорот се очекува да биде финализиран пред викендот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Парагвај ја изненади Аргентина, Винисиус промаши пенал за победа на Бразил

А1он

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски