Кошаркарот на ЦСКА Москва, Нандо Де Коло е прогласен за МВП (најкорисен играч) на завршниот „фајнал фор“ турнир што синоќа заврши во Берлин, Германија.
Де Коло синоќа со 22 поени беше најефикасниот играч во победата над Фенербахче, а два дена претходно постигна 30 поени во полуфиналето против Локомотив.
Французинот МВП наградата ја доби и за регуларниот дел од Евролигата.