Кошаркарот на ЦСКА Москва, Нандо Де Коло е прогласен за најкорисен играч во 6.коло од Евролигата.
За Де Коло ова е втора МВП награда оваа сезона. Тој на средбата со Реал Мадрид одиграна вчеравечер во руската престолнина, во победата на ЦСКА со 91:90, учествуваше со 28 поени и стигна до 35 индексни поени, само еден помалку од неговиот рекорд.
Покрај Де Коло во ТОП 5 место си обезбедија и: Крис Синглтон (Панатинаикос) 34 инд.поени, Крунослав Симон (Армани) 29, Кит Ленгфорд (Уникс Казан) 26 и Брок Мотум (Жалгирис) 26.
ЦСКА Москва е единствената екипа со максимални шест победи по шесте рунди во елитното кошаркарско натпреварување.