Македонската кошаркарска репрезентација идната седмица ќе го одигра последниот натпревар во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2021. Противник на Македонија ќе биде селекцијата на Романија.
Селекторот Јорданчо Давитков денеска го објави списокот со играчи кои треба да се појават в понеделник на првата прозивка. На списокот на Давитков се:
Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Александар Костоски
Дарко Соколов
Бобан Стајиќ
Андреј Магдевски
Димитар Караџовски
Марко Симоновски
Стојан Ѓуроски
Бојан Трајковски
Љубомир Младеновски
Бојан Крстевски
Андреј Маслинко
Ричард Хендрикс.
Натпреварот ќе се одигра на 21 февруари во Плоешти со почеток во 19.