Давид Ферер го освои АТП турнирот во Куала Лумпур

Од:

Шпанскиот тенисер Давид Ферер го освои АТП турнирот во Куала Лумпур, кој е дел од серијата 250.

Тој во финалето го победи сонародникот Фелисијано Лопез со 2:0 во сетови (7:5 и 7:5).

Денешниот меч му донесе два јубилеја на Ферер, ова беше негово 50-то АТП финале, во кое го освои 25-от АТП трофеј во кариерата.

Во оваа сезона ова беше четврти трофеј за шпанскиот тенисер по триумфите во Доха, Акапулко и Рио де Женеиро.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров