Дастер најпродаван модел на групацијата Рено во 2014 година

Од:

Нискобуџетните модели се најзаслужни за растот на продажбата на француската компанија „Рено“ во 2014 година. Во Европа, најголем скок на продажба има „Дачија“ со зголемување на пазарниот удел на 2,5 проценти.

Групацијата Рено, која освен матичниот бренд ги опфаќа и „Дачија“ и „Рено Самсунг Моторс“ во 2014 година испорачала 2.712.432 возила низ целиот свет, што е раст од 3,2 проценти во однос на 2013 година.

Анализата покажува дека брендот „Рено“ има мало намалување на продажбата од минус 0,6 отсто, додека „Дачија“ остварила раст на продажбата од 19,1 процент од 429.596 возила во 2013 година на 511.465 возила во 2014 година.

Во Франција „Дачија“ се наоѓа на 5. место на листата на најпродавани автомобилски брендови со 4,9 отсто пазарен удел, додека во Шпанија учестува со 4,7 проценти. Во цела Европа пазарниот удел на „Дачија“ е 2,5 проценти.

Глобално гледано Дачија Дастер е најпродаван модел на Рено групацијата во 2014 година. Дастер низ целиот свет е продаден во 395.350 примероци, од кои 234.883 со знакот на „Рено“, а 160.467 со знакот на „Дачија“.

На второ место е моделот Клио со 378.536 модели, додека на трето место е Логан со 234.766 возила. Четврто место е Дачија Сандеро со 227.036 примероци и на петто место е Рено Каптур со 196.592 продадени возила.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска