Дарушафака ги задржа шансите за четвртфинале во Евролигата

Од:

Екипата на Дарушафака синоќа на гостински терен го победи Бамберг со 99:97 (84:84) и во последното коло во директен дуел со Црвена звезда ќе одлучуваат кој ќе биде последниот учесник во плеј-офот од Евролигата.

На првиот дуел од претпоследното 29.коло Анадолу Ефес постигна победа над Олимпијакос со 77:69, а во последниот меч од четврточната програма Барселона беше поуспешна од Макаби со 76:71.

Денеска се играат натпреварите:
Црвена Звезда – Уникс,
Галатасарај – Басконија,
Жалгирис – Милано Армани,
Панатинаикос – ЦСКА Москва и
Реал Мадрид – Фенербахче.

Табела: Реал Мадрид 21-7 (победи-порази), ЦСКА 21-7, Олимпијакос 19-10, Фенербахче 17-11, Панатинаикос 17-11, Анадолу Ефес 17-12, Басконија 16-12, Црвена звезда 15-13, Дарушафака 15-14, Жалгирис 13-15, Барселона 12-17, Галатасарај 10-18, Бамберг 10-19, Макаби 10-19, Уникс 7-21, Милано Армани 7-21.

Пласман во ТОП 8 фазата досега имаат обезбедено Реал Мадрид, ЦСКА, Олимпијакос, Фенербахче, Анадолу Ефес, Панатинаикос, Басконија.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска