Дарко Панчев, фудбалската легенда на фудбалскиот клуб Вардар и на македонскиот фудбал од денеска и официјално е спортски директор на ФК Вардар. Оваа функција остана празна откако Гоце Седлоски таа позиција ја замени со тренерската во клубот.
На прес-конференција одржана денеска Панчев беше претставен пред медиумите.
– Вардар е добро позициониран клуб. Ќе работиме напорно и ќе се обидеме во блиска идинина да направиме добар резултат во Европа. Целта е достижна според условите што ги има Вардар, но секако ни треба време, изјави Панчев.
Покрај резултатите на меѓународен план една од целите е и формирање млади играчи во школата на Вардар. Својата блескава кариера Панчев ја почна во младите селекции на Вардар, а подоцна како играч на Црвена Звезда го освои и трофејот во Купот на шампионите (сегашна Лига на шампионите).