Дарио Ивановски со личен рекорд победи на полумаратонот во Белград

Од:

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумартонската трка во склоп на 30.то издание на Белградски мартон што се одржа денеска во главниот град на Србија. 19-годишниот Ивановски триумфираше со време на нов личен рекорд – 1:10:00 час или го подобри своето најдобро време постигнато лани на Скопски маратон од 1:11.14 час.

– Презадоволен сум од постигнатиот резултат и од настапот, а голема благодарност и до мојот тренер Игор Јакимовски, кој исто така трчаше на оваа трка. Мал проблем претставуваше и ветрот, но се на се ова е одлично постигнување со поставен личен рекорд, истакна Ивановски.

Македонскиот атлетичар на убедлив начин стигна до првото место со 40 секунди предност пред второпласираниот Велимир Бојовиќ од Србија, а третиот Марко Ранковиќ исто така од Србија со време од 1:11.57 час.

На полумаратонската трка кај жените победи Слаѓана Перуновиќ од Србија – 1:21.40 час, а второто место и припадна на Наталија Грац од Полска, додека трета на целта стигна Александра Маринков (Србија).

На мартонската трка победи Стивен Кипнгетич Катам од Кенија со време 2:21.11 часа, додека кај жените најдобар резултат имаше Оливера Јевтиќ од Србија со време 2:38.00 часа.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ