Центарот на Олимпијакос Брајант Данстон е избран за најдобар одбранбен играч во Евролигата втора година по ред.
Тој беше предводник на дефанзивата на Олимпијакос која беше најдобра оваа сезона во елитното натпреварување.
Данстон е вториот играч по шесткратниот освојувач Димитрис Дијамантидис кому му успеало оваа награда да ја освои повеќе од еднаш.
Во овој избор на тренерите на екипите од Евролигата, во ТОП 5 по Данстон се пласираа: Бјелица од Фенербахче Улкер, Дрејпер од Ефес, Олесон од Барселона и Фернадес од Реал Мадрид Фернандес.