Ракометната репрезентација на Македонија претрпе висок пораз од 37-21 на гостувањето кај Данска во дуел од групата 7 од квалфикациите за пласман на следното Европско првенство.
Нашата селекција која беше во подмладен состав не успеа да парира во пресметката со актуелниот светски и олимписки шампион.
Најпрецизен во нашиот табор беше филип Кузмановски со пет гола, а по три постигнаа Жарко Пешевски и Мартин Велковски.
До крајот на квалификациите за собирот во Унгарија и Словачка нашите избраници треба да одиграат уште два натпревари, на гости кај Финска и дома против Швајцарија.
По четири одиграни средби, македонската репрезентација има шест бода. Ова беше прв пораз за нашиот тим во овие квалификации.