Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш почнал штрајк во истражниот затвор во Барселона каде се наоѓа поради обвинение за силување. Тој одлучи да штрајкува со глад и да не излегува од ќелијата откако и петти пат судот го одби неговото барање да биде пуштен со кауција.
Судиите одредија Дани Алвеш да остане во притвор, затоа што се верува дека поради неговото богатство брзо и лесно би можел да ја напушти Шпанија.
Доколку се утврди вина кај Дани Алвеш, на фудбалерот му се заканува затворска казна до 12 години.
Извор: Топспорт