Дали Леброн заминува од Мајами?

Од:

Најдобриот играч на НБА клубот Мајами Хит, Леброн Џејмс изјави дека се уште не знае дали ќе остане во сегашниот или кариерата ќе ја продолжи во друг клуб.

– Сега ништо не можам да кажам околу мојата иднина поврзана со кошарката. Не знам дали ќе останам во Мајами. Само знам дека неопходен ми е одмор, а потоа ќе ја донесам одлуката, рече Џејмс и додаде дека не зависи се од него.

Тој искажа разбирање за луѓето од клубот и градот и остави простор за понатамошна соработка.

– Бевме заедно во многу работи. Поразговаравме и одлучивме да донесеме одлука корисна за двете страни, потенцира „Кралот“.

Мајами годинава во финалето од НБА плеј-офот загуби од Сан Антонио со 4-1 во победи и не успеа да ја одбрани шампионската титула.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос