Дабл-дабл на Јокиќ недоволно Денвер да избегне пораз од Индијана

Од:

На единствениот натпревар од НБА лигата одигран ноќта меѓу недела и понеделник, Индијана пејсерс забележа победа на гостувањето кај Денвер нагетс со 115:107.

Клучна за победата на гостите беше последната четвртина која Индијана ја доби со 41:26.

Уште еден извонреден меч во тимот на Денвер одигра Србинот Никола Јокиќ кој имаше дабл-дабл ефект со 30 поени и 10 скока.

Во победничката екипа со по 22 поена најефикасни беа Ти Џеј Ворен и Доматас Сабонис.

Деневер по 42 натпревара има биланс 29-13 (победи-порази), додека Индијана е со ефект 28-15.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он