Натпреварувачите на спортските клубови кои на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски оваа година добија материјална поддршка од Општина Кисела Вода продолжуваат да редат победи на сите домашни и меѓународни натпреварувања.
На балканското првенство „FUTURE CHAMPIONS 4 – 2018“ за деца од 5 до 18-годишна возраст во Белград, Србија македонската репрезентација составена од 22 натпреварувачи на „Д Стронгест“ од Кисела Вода, 5 на „РУТС БЏЏ ОХРИД“ и 1 на „Д Стронгест & Рутс БЏЏ Куманово“ се закити со вкупно 15 медали.
Натпреварувачите на клубот од Кисела Вода освоија најмногу медали, додека 2 бронзени доби екипата од Охрид.
Со медали се закитија следните 13 натпреварувачи на „Д Стронгест“:
Златни медали:
– Даниела Алексовска – напредни 3 -44.3кг.
– Марко Панчевски – напредни 2 -33.2кг., –36.2кг.
– Дин Радончиќ – почетници 2 -27кг.
– Даниел Тодоровски – почетници 4 -40.3кг.
– Арон Зекир – почетници 4 -36.2кг.
– Филип Митревски – почетници 2 -30.2кг.
Сребрени медали:
– Давид Тодоровски – почетници 2 -24кг.
– Марко Трајановски – почетници 3 +48кг.
– Дамјан Петровски – напредни 2 -42.3кг., -45.3кг.
– Марко Ангелов – почетници 3 –39.3кг.
– Никола Симоновски – јуниори 2 -58.5кг.
Бронзени медали:
– Марко Петровски – јуниори 2 -58.5кг.
– Ања Чивчиристовска – почетници 4 -40.3кг.
Македонскиот тим предводен од Ивица Алексовски, претседател и основач на „Д Стронгест‘‘, во екипниот пласман во категорија на почетници го освои првото место, во категорија на напредни третото место, а во вкупен екипен пласман второто место.