ЦСКА Москва втор учесник на „Фајнл-фор“

Од:

Кошаркарите на ЦСКА Москва забележаа победа синоќа на гостувањето во Атина кај Панатинаикос со 74:55 и со вкупни 3-1 во победи ја завршија серијата во своја корист.

Првата и третата четвртина московјаните ги решија во своја полза со двоцифрена разлика (21:11 и 23:12) што се покажа како доволно за конечен триумф.

Најдобри играчи во победничкиот состав беа Нандо Де Коло со 18 и Андреј Кириленко со 13 поени и 10 скокови.

Претходно место во полуфиналето од Евролигата обезбеди Фенербахче по 3-0 против Макаби.

Вечер се играат четвртите натпревари од пресметките:

Олимпијакос – Барселона (2-1 во победи) и
Ефес – Реал Мадрид (1-2).

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска